Свет
12. December 2015 - 12:02

ВИДЕО: Џихадистите ја најавија последната битка со Западот

Терористите од Исламската држава објавија ново видео во кое најавуваат апокалипса.

На снимката се гледа како исламистите ја најавуваат последната битка со Западот, во Рим.

Видеото е насловено „Се гледаме во Дабик“ и се прикажани терористите како се борат против неверниците во Рим.

Дабик е место во Сирија за кое едно пророштво тврди дека баш таму ќе се случи армагедон, или исламски малахим. Во снимката се наведува дека Дабик Армијата ќе упадне во Рим иќе го уништи христијанството.