Вицепремиерот Османи утре во работна посета на Шведска
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, каде ќе оствари средби со министерот за европски прашања Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка Питер Ериксон и со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.
Централна тема на средбите, како што соопшти Кабинетот на Османи, ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година, а ќе стане збор и за билатералната развојна соработка како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.
Во агендата на вицепремиерот Османи за периодот кој следи предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, на почеток на следната недела, по што ќе следуваат Берлин, Варшава итн.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море