Македонија
16. September 2019 - 16:22

Вицепремиерот Бујар Османи во инспекциска контрола, која институција не го спроведува законот за двојазичност?

Два месеца по истекот на рокот за спроведување на одредбите од Законот за јазици, вицепремиерот Османи лично во инспекција дали доследно се почитува двојазичноста.

Османи контролираше дали институциите ја применуваат двојазичноста, со поставување на табли на албански јазик пред институциите.

Возењето низ градот запре кај Агенцијата за администрација, каде што Османи наиде на табла напишана само на македонски јазик, по што следуваше повик до нејзиниот директор.

Новата табла се уште се чека. Доколку излезе на терен, еднојазичниот натпис пред Агенцијата и денеска би го пречекал Османи.

Двојазичните табли на државните институции се предвидени со Законот за употреба на јазиците, изгласан во Собранието во јануари. Според членот седум од Законот,

“Називите на институциите, како и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа, во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, како и на англиски јазик”.

Називите треба да бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо треба да биде напишан прв.

Иако веќе во сила, Законот за јазиците го разгледува Венецијанската комисија, која наредниот месец треба да даде мислење за двете спорни одредби – двојазичноста на книжните пари и на униформите на војската.