Македонија
23. December 2015 - 8:28

Вицепремиерот Бесими во посета на МВР

Во рамки на иницијативата „Институционални посети”, вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Посетата, како што соопшти СЕП, се реализира за да се разгледа имплементацијата на активностите поврзани со итните реформски приоритети во областите од надлежност на МВР.

Циклусот институционални посети на вицепремиерот Бесими ќе продолжи и во наредните денови со клучните институции кои се носители на активностите од итните реформски приоритети, за што редовно ќе се информира Европската Комисија.