Македонија
26. October 2015 - 20:43

Вицепремиерот Бесими се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ, Мари Пјер Поарие

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ за Источна и Централна Европа и Заедницата на независни држави, Мари Пјер Поарие.

На  средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, станало збор за мерките и активностите кои се преземаат во Македонија во насока на справување со бегалската и мигранската криза, како и за заклучоците од мини Самитот посветен на истата.

Вицепремиерот Бесими истакнал дека Македонија прави се што е во нашите можности и надлежности со цел соодветно справување со состојбата, пред се заштита на животот и здравјето на мигрантите, заштита на националната и јавната безбедност и заштита на јавното здравје, а особено во насока на сузбивањето на криумчарењето со мигранти и трговијата со луѓе. 

Меѓу другото тој нагласил дека на Македонија и е неопходна и понатамошна помош од страна на Европската унија и билатералните партнери, во насока на што Секреатријатот за европски прашања организира Донаторски состаноци со меѓународната заедница.

Двајцата соговорници за време на разговорот ги поздравиле заклучоците од мини Самитот и се согласиле дека  само со  колективен прекуграничен пристап, базиран на солидартност, одговорност и прагматична соработка меѓу националните, регионалните и локалните власти може да се постигне  успех во справувањето со предизвикот.