Македонија
16. January 2019 - 16:27

Вице Заев го тужи Александар Николоски за клевета и навреда - бара отштета од 30.000 денари

Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев бара 30 илјади денари отштета од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.. Тужбата е за навреда и клевета оти Николовски изјавил дека Вице Заев станува главен бизнис фактор во државата.. На денешното подготвително судско рочиште не дојде братот на премиерот - неговиот адвокат Горан Заев побара од судот да го прифати тужбеното барање бидејќи изјавата на Николовски е неточна и станувало збор за клевета..

Судењето ќе продолжи на 26 февруари кога свој исказ пред судот ќе има и Вице Заев..

По завршување на денешното рочиште, тужениот Николовски побара да размислат сите бизнисмени во државата што може да им се случи ако Вице Заев за дадена изјава го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ..