Вевчани подготвено за карневалот
Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал. Сместувачките капацитети се исполнети, а гостите се испраќаат во Струга и Охрид, информира денеска на прес-конференција градоначалникот Цветомир Угриноски.
- Имаме богата карневалска програма и доста најавени гости од земјава и странство. Забавата почнува вечер со настап на Слаткаристика и С.А.Р.С., а во утринските часови ќе настапи групата Брас Брадарс. Утре е главниот карневалски ден, бидејќи се појавуваат василичарите и со дефилето ќе почнат во 14 часот, кога е и официјалното отворање на карневалот, рече Угриноски.
Дефилето на двете василичарски друштва Горна и Долна маала, како што појасни, ќе помине низ вевчанските улици и ќе можеме да ги видиме сите маски кои се пoдготвуваат подолго време.
- Во вечерните часови ќе имаме забава со Есма Реџепова и Наум Петрески, со кој ќе ја дочекаме и Старата Нова година. На полноќ ќе има петминутен огномет. Настап ќе има и вевчанецот Перо Пешиновски до утринските часови, кога традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори, полнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката, ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година, истакна вевчанскиот градоначалник.
Традиционално, додаде тој, на Василица, василичарите одат од куќа во куќа каде што има име Васил, му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде ги играат василичарските ора. Манифестацијата завршува со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, некаде околу 17 часот.
Претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески очекува денеска и утре во Вевчани да поминат од 30 до 50.000 гости.
- Вевчанскиот карневал е една од најголемите манифестации за овој дел. Посетеноста на карневалот, ќе ги исполни и хотелските капацитети во Струга, па и во Охрид, изјави Блажески.
Во рамки на карневалските свечености, вчера во Вевчани беше отворена изложбата „Печалбарски денови“ на академскиот сликар Славко Упевче, а претходниот ден беше отворана изложба со икони во резба под наслов „Духовници победници“ од копаничариот Александар Баткоски.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.