Македонија
24. February 2021 - 16:56

Ветувањето за недела неработен ден одложено до септември

Најмалку до септемрви неделата за многумина останува работен ден. А можно е да се чека и крајот на пандемијата за законските измени. Преговорите меѓу социјалните партнери по ова прашање течат, но финален договор нема да има сега како што се најавуваше, туку дури наесен. Од Гласен текстител кои беа иницијатори за неработната недела велат дека за нив е прифатливо од септември да се применува ново законско решение, но крајот на пандемијата не е опција.

До минатата недела меѓу министрите имаше разногласие околу тоа кои дејности мора да работат во недела. Министерот за економија смета дека трговските центри мора да работат заради огромните инветсиции во нив, но и заради туризмот. Од друга страна, според драфт верзијата која ја подготви МТСП моловите ќе останат затворнени.

Неработна недела е предизборно ветување на власта. Привично, на почетокот на ноемрви Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден и му даде на МТСП рок од 15 дена. Откако роковите се пробиени се навесува одложување дури и до крајот на пандемијата за да не се наштети дополнително на работодавачите погодени од кризата.