Кошарка
15. February 2019 - 14:49

Ветбрук не застанува, 11-ти „трипл-дабл“ учинок во низа

 
 
Расел Ветбрук не сопира со своите фантастични настапи. Кошаркарот на Оклахома оствари нов „трипл-дабл“, но неговиот тим загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 131:122. 
 
Откако на претходниот дуел го урна рекордот по бројот на последнователни „трипл-дабл“ учиноци, ноќеска Вестбрук стигна до 11-тиотмеч во низа на кој имаше ваков учинок, завршувајќи го натпреварот со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции.
 
Тој воено стана и најдобриот стрелец во историјата на Оклахома, тим која го наследи поранешниот состав на Сиетл. Сега, Вестбрук има 18.247 поени со кои го надмина легендарниот Гери Пејтон кој имаше „Сипер-соникси“ имаше постигнато 18.207 поени.
 
 
Покрај овој меч синоќешната скромна програма ја дополнија и дуелите меѓу 
Орландо и Шарлот во кој домаќините славеа со убедливи 127:89, како и дуелот Атланта - Њујорк на кој се радуваа гостите со 106:91
 
Во НБА лигата следува пауза поради претстојниот Ол-Стар викенд