Кошарка
3. April 2019 - 8:34

Вестбрук го повтори рекордот на Чемберлен

Кошаркарот на Оклахома сити, Расел Вестбрук оствари трипл-дабл ефект ноќеска на дуелот со Лос Анџелес лејкерс. Триесет годишниот Американец на средбата одиграна на домашен терен забележа 20 поени, 20 скокови и 21 асистенција.

Како што објави прес-службата на НБА-лигата, Вестбрук е само вториот играч во историјата, кој постигна најмалку 20 поени во три статистички категории.

Во минатото, на 2 февруари 1968 година, Вилт Чемберлен на еден натпревар имаше дадено 22 поени со 25 скокови и 21 асистенција.