Македонија
29. јуни 2016 - 20:37

Вест за овој викенд која нема да ви се допадне

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен северен ветер.
 
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
 
Во Скопје  сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер.
 
Температурата во интервал од 17 до 30 степени.
 
Од петок во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а услови за нестабилност ќе има и во попладневните часови на деновите од викендот, но и понатаму ќе биде доста топло.