Loading Video...
Ракомет
13. May 2022 - 11:07

Веспрем и Киелце чекор поблиску до фајнал-форот во ракометната Лига на шампиони

 
Екипите на Веспрем и Киелце се чекор поблиску до пласман на завршниот фајнал-фор трурнир во ракометната Лига на шампиони.
 
Ова откако двата тима ги добија првите четвртфинални средби против Алборг и Монпелје. 
 
Унгарскиот Веспрем максимално ја искористи предноста на домашниот терен и со седум голови разлика 36-29 го победи Албор.
 
Киелце пак славеше на гостувањето во Франција кај Монпелје со 31-28, па на реваншот во Полска пред својата публика ќе има значајни три гола предност. 
 
Реванш дуелите меѓу овие екипи ќе се играат на 18 мај, а ден подоцна (19 мај) своите реванш четвртфинални дуели ќе ги одиграат Барслеона и Фленсбург односно Кил и ПСЖ. 
 
Барселона во реваншот ќе започне со четири гола преднст, додека дуелот во Германија ќе започне со израмнеи 30-30 актуелни од средбата во Париз