Весели: Ни сантиметар косовска земја не смее да биде дел од дијалогот со Србија
Претседателот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, пред денешниот почеток на новата рунда косовско-српски преговори во Вашингтон, на косовската делегација и порача дека во ниеден случај не смее да преговара за територија, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешните средби со партиските структури во Митровица и Вучитрн, поранешниот собраниски спикер нагласи дека е неприфатлив било каков договор со Србија кој ќе го наруши територијалниот интегритет на Косово.
– Митровица и Косово се едно и се неделиви. Ниту еден сантиметар земја на Република Косово не смее да биде дел од дијалогот со Србија, порача Тачи.
Новата рунда косовско-српски преговори, која е планирано да трае два дена, треба да започне во Белата куќа денеска напладне по американско време, со средба на водачите на двете делегации, косовскиот премиер Авдулах Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење