Џет-Сет
3. April 2016 - 14:09

Верувале или не, Миле Китиќ ќе стави силикони на градите

 
Верувале или не, познатиот српски фолк пејач, Миле Китиќ (64) планира да стави силикони на градите пренесуваат српските медиуми.
 
-Миле планира да го направи тоа со цел да изгледа по маженствено без при тоа да треба да тренира и спортува, а да има мускули. Тој ова планира да го направи во една клиника во Белград каде што веќе се грижат за неговиот изглед на лицето каде пејачот веќе извршил естетски интервенции. Докторите таму на Миле му објасниле дека ако стави силикони ќе изгледа атрактивно облечен во тесна  горна облека, детал кој посебно му се допаднал на фолк пејачот, рекол негов близок пријател.