-->
-->
Верстапен победи на патеката Каталуња
-->
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е сензационален победник на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Шпанија возена попладнево на патеката „Каталуња“ крај Барселона.
18-годишниот Верстапен на најдобар можен начин го искористи инцидентот во кој учествуваа двата болида на Мерцедес при што Луис Хамилтон и Нико Розберг кој стартуваа од првиот ред ја завршија трката уште во првиот круг по меѓусебниот судир.
За Холанѓанецот ова беше прв подиум во 24 трка од Ф1 со што стана најмладиот победник во историјата на Формула 1. До тронот во Барселона тој стигна со време 1:41.40.017 часа.
На второто и третото место завршија возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Во Генералниот пласман и натаму во водство е Нико Розберг со 100 бодови, пред Раиконен со 61 и Хамилтон со 57.
Следната трка во Ф1 е на 29 мај во Монако.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдиле низа неправилности во Битолската болница, работеле во друга, а добивале пари за дежурство
-
Тренчевска им порача на пензионерите да заборават на линеарно покачување на пензиите
-
Нема пари за додаток на плата за судската администрација
-
Контрoлорите на летање ќе го блокираат небото ако не запрат партиските огласи и вработувања со врски
-
ЕСМ најде солуција за цевководот под „Беласица“, парно греење ќе има
-
Нов протест за училиштето во Јурумлери, општината нуди решение
-
Приведен Милaн Радоичиќ
-
Пензионерите најавуваат нов протест во Скопје - незадоволни од покачувањето од 5,3%