Македонија
2. August 2020 - 17:41

Верижна сообраќајка на 4 возила меѓу кои и возило на МВР кај Стража

Во верижна сообраќајна несреќа пред превојот „Стража“ учествувале 4 возила, меѓу нив и возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи, со кое управувал полициски службеник.

По информациите од полицијата, во несреќата учествувале и две возила управувани од Ф.Б.(22) и А.Б.(22) од Тетово, а четвртото возило го возел 24-годишен гостиварец. 

Возачот од Гостивар и тројцата сопатници кои биле со него, со возило на брза помош биле пренесени во Ургентниот центар во Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.