Македонија
25. October 2019 - 10:35

Верижен судар на три возила на патот Штип - Радовиш, едно лице повредено

Вчера во 13.30 часот на магистралниот пат Радовиш - Штип, во населба ,,Дамјан“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(69), од с.Ињево, патничко моторно возило „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(60), од Струмица, и патничко моторно возило „опел вектра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од К.П.(32) од с.Војславци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Р. и бил пренесен во Клинички центар Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.