Македонија
17. January 2016 - 9:31

Венко Андоновски добитник на наградата „Прозни мајстори“

Македонскиот писател Венко Андоновски (1964) е добитник на наградата Прозни мајстори за 2015 година. Тој е истакнат и познат македонски раскажувач, романописец, драмски автор, критичар, есеист и книжевен теоретичар.

Автор е на голем број вредни книжевни дела објавени во Република Македонија, но и надвор од границите на нашата земја и носител е на бројни значајни државни и меѓународни награди и признанија.

Негови најпознати книги се: Фрески и гротески, Азбука на непослушните, Папокот на светот, Вештица, Ќерката на математичарот и други.

Наградата Прозни мајстори ја доделува Издавачката куќа Феникс од Скопје, а нејзини досегашни добитници се Ермис Лафазановски, Александар Прокопиев, Блаже Миневски, Томислав Османли и други.