Свет
13. November 2019 - 9:28

Венеција под вода: Поплавени ресторани, дуќани, отежнато движење низ градот, а дождот не престанува

Туристите и жителите на Венеција во чизми се пробиваат низ водата која го поплави поголемиот дел од градот.

Водата ги поплави кафулињата и продавниците, а како мерка за претпазливост се затворени и детските градинки, пренесе АП.

Во многу хотели се наоѓаат пластични чизми за една употреба, за да им бидар при рака на туристите.

АП наведува дека во плакарите на граѓаните во Венеција, често им се наоѓаат гумени чизми над колена.

Метеролозите предвидуваат уште дожд денеска, посебно на североистокот на земјата каде се наоѓа Венеција, како и на Сицилија и во другите јужни региони.