Свет
4. January 2018 - 10:16

Венеција: Крадци украле скапоцености во вредност од неколку милиони евра

Од Дуждовата палата во Венеција се украдени скапоцености во вредност од неколку милиони евра, соопшти италијанската полиција. 

Полицијата смета дека најмалку двајца крадци влегле на изложбата со скапоцености и артефакти, кои биле во сопственост на катарскиот шеик Хамад бин Абдулах ал Тани. 

Потоа, додека еден чувал стража, другиот ја отворил витрината и украл обетки и златен брош. 

Полицијата исто така оценува дека двајцата крадци се дел од поголема група. 

- Секако имаме работа со професионалци, кои успеале да избегаат со накитот и покрај тоа што во зградата е поставен напреден систем, наведе комесарот на полицијата во Венеција, Вито Галјарди.

Тој посочи дека накитот е вреден неколку милиони евра.