Свет
6. March 2017 - 8:40

Велт ам зонтаг: Германија сакала да ги врати бегалците во септември 2015 година

Владата на Германија планирала да ја затвори границата со Австрија и да враќа бегалци во септември 2015 година во најголемиот ек на бегалската криза во Европа, објави германскиот весник Велт ам зонтаг.

Според весникот, германскиот канцелар Ангела Меркел и министрите одлучиле на 12 септември да испратат неколку илјади полицајци да ја затворат границата. Планот бил откажан неколку часа пред да биде активиран, наведува весникот.

Имено, министрите не сакале да преземат одговорност за одлука што може да се покаже како незаконска. Друг повод би била можноста за непопуларни кадри со полицајци кои запираат жени и деца. Министерството за внатрешни работи соопшти дека не може ниту да потврди ниту да го демнатира написот во весникот Велт ам зонтаг.