Македонија
22. September 2019 - 8:45

Велосипедска трка во Скопје

Во рамки на Европската недела на мобилност, денеска во подножјето на Скопско Кале и околните улици во центарот на градот ќе се одржуваат Велоекспо и Велопикник, како и традиционална велосипедска трка во организација на Велосипедската федерација.

Учесниците на целодневниот настан се поканети да пристигнат на велосипед или пеш. Ќе биде организарана промоција на индустрии поврзани со велокултурата (продавници, сервиси, тури, клубови, водичи, групи), како и изложба на велосипеди олдтајмери.

Настанот ќе бидe придружен со музичка и сценска програма. Во првиот дел од настанот ќе возат деца и аматери, а во вториот ќе се натпреваруваат професионални велисипедисти.