Loading Video...
Македонија
26. September 2015 - 17:24

Велосипедистот кој вчера беше прегазен им подлегнал на повредите

На 25 септември годинава околу 14 часот во Скопје, на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ случена е сообраќајна несреќа меѓу возило „Ауди“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Е.Т.(20), велосипед управуван од Нинослав С.(64) од Скопје и автобус.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и со возило на брза помош пренесен бил во Ургентниот Центар, каде околу 18.30 часот им подлегнал на повредите.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.