Loading Video...
Свет
14. јуни 2021 - 12:37

Велика Британија ќе го одложи укинувањето на мерките поради индискиот сој на вирусот

Велика Британија ќе го одложи укинувањето на мерките поради индискиот сој на вирусот. Владата претходно соопшти дека целосното отворање на земјата ќе биде на 21 јуни кога требаше да бидат укинати последните ограничувања. Сега се очекува сите планови да бидат одложени поради брзиот пораст на бројот на заразени со индискиот делта-вирус.

Повеќе од 90 проценти од заразените во Англија последните денови ја имаат оваа варијанта на вирусот, а здравствените работници се загрижени дека овој вид е делумно отпорен на вакцината и дека е најмалку 40 проценти позаразен од другите соеви. Британија вчера регистрирале речиси 7.500 нови случаи на коронавирус.