Loading Video...
Свет
14. јуни 2021 - 21:16

Велика Британија го одложува укинувањето на мерките

Порастот на нови случаи со индискиот сој на коронавирусот во Велика Британија ги смени плановите на владата на Џонсон да ги укине рестриктивните мерки на 21 јуни. 

Ограничувањата ќе бидат на сила до средината на јули. Повеќе од 90 проценти од заразените последните денови ја имаат инидската варијанта, која како што вели министерот за здравство најманогу здравствени проблеми прави кај невакцинираните или кај оние кои имаат примено само една доза на вакцина против Ковид-19.

До средината на јули уште најмалку 10 милиони Британци ќе може да примаат втора доза  објасни министерот Аргар. Од февруари досега, од 223 лица кои биле примени во болница со индискиот сој, само 20 од нив  ја имале примено својата втора доза.

Британија вчера забележа 7500 нови случаи на коронавирусот.