-->
-->
Велешкото ОЈО поднесе предлози за казнени платни налози против четири лица
-->
Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го прекршиле полицискиот час.
Како што соопшти ЈОРН, тие се товарат дека не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител, се посочува, предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје