Ведро и многу студено, утринските температури под нула
Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринските темепратури, според УХМР, ќе се движат од минус 13 до минус четири степени Целзиусови, а дневните од минус еден до осум степени.
Во Скопје слично време со минимална температура од минус девет и максимална од четири степени.
Во четврток на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право