Свет
3. April 2017 - 21:28

Вечерва силен земјотрес, нема информации за штети и жртви

Земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтерова скала ја погоди денеска областа оддалечена на 242 килоемтри од престолнината на Боцвана.

Како што наведе Геолошкиот центар на САД, земјотресот бил на длабочина од 35 километри, пренесува Ројтерс.

Потресот можел да се почувстува и во соседната Јужноафриканска Република.

Нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.