Македонија
20. јуни 2018 - 18:19

Вечерва повторно протести против договорот со Грција

Граѓаните и вечерва протестираа против промена на името. „Нема да помине референдумот“, „ ќе протестираме секој ден додека не си даде оставка оваа велепредавничка Влада“ беа дел од пораките на револтираните граѓани.

По речиси два часа блокада на булеварот пред законодавниот дом, граѓаните се упатија кон претседателската резиденција за да му ја пренесат поддршката да не го потпише законот за промена на името.

Група граѓани беа во кабинетот на Иванов за лично да му ги пренесат пораките на граѓаните кои протестраат 9 ден пред парламентот.

Оствариле средба со членови на кабинетот на кои им ги пренеле своите пораки и им најавиле средба и со Иванов во наредните денови. Најголемиот граѓански протест преку социјалните мрежи е најавен за во сабота на 23 јуни.