Живот
26. February 2016 - 19:11

Вечерва мора да имате секс со партнерот, еве зошто

Да, вечерва треба да го направите тоа. За да имате секс со партнерот, најчесто не ви требаат причини, причината е постојана а вољата е повремена. Но, понекогаш сме толку преокупирани со други обврски што едноставно го забораваме или го занемаруваме сексот. Да, се случува и тоа. Пронајдовме неколку причини зошто треба да имате секс – уште веднаш! Барем една се однесува на вас. 

  1. Денес не бевете во теретана, на тренинг или на фитнес, не се претргнавте од пешачење... а калориите нема да согорат сами од себе! 

2. Соседите од станот до вас правеа забава минатиот викенд – сега е ред на вас да не им дозволите да спијат! Ако не сакате забава во својот стан, бучниот секс е одлична алтернатива.  3. Се разбудивте порано утрово и… заслужувате награда. Време е за утрински секс! Но, тој не се случи затоа што таа станала порано. Но, денес таа и ќе легне пред вас, сметајте на тоа. 

4. Вечерта е многу здодевна, цел ден ви беше тмурен. Планиравте да излезете, прошетка со кафе со другарките, но надвор е ладно. Сексот е одлична причина да го завршите денот поинаку, со добри вибрации! И најлошиот секс е подобар од добра апстиненција.

5. Планиравте да ви дојдат пријатели, или вие да отидете кај нив но, ништо од тоа. Можеби судбината сакала така, затоа што вечерта треба да ја поминете заедно во кревет. 

6. Настинавте. Всушност, кашлате, а имате чувство како да се „закачиле“ сезонски грип. Истражувањата покажаа дека сексот го подобрува имунолошкиот систем. 

7. Бевте на депилација. И кој знае кога повторно ќе одите бидејќи деновите стануват се постудени. Зошто токму вечерва вашето мазно тело не би доживело возбудување, а? 

8. Почетниот стадиум на ПМС. Се уште сте расположени за секс, а со оглед на тоа што идната недела ќе ви биде пеколна, искористете ја вечерта за интимно дружење со партнерот.

 9. Оргазам. Бурно финале на викендот. Дали ви треба дополнително објаснување?