Loading Video...
Фудбал
4. May 2021 - 16:17

Вечерва ќе го добиеме првиот финалист во Лигата на шампионите

Вечерва  ќе го добиеме првиот финалист во фудбалската Лигата на шампионите. Манчестер Сити или ПСЖ е прашањето на кое треба да биде даден одговорот кој тим прв ќе обезбеди пласман во финалето на фудбалската Лига на шампиони. 
 
Одговорот ќе го добиеме вечерва по одигрувањето на реванш дуело во Манчестер во англискиот шампион ќе влезе со предност од 2:1 остварена на првиот натпревар во Париз минатата недела. 
 
Освен негативниот резултат во кој популарните„светци“ ќе треба да постигнат најмалку два гола, барем за почеток, тие ќе се борат и против традицијата. 
 
Имено во досегашните четири одиграни меѓусебни дуели францускиот тим нема остварено ниту една победа. 
 
Згора на тоа, дополнителни главоболки има тренерот Маурицио Покетињо, бидејќи сеуште неизвесен за овој натпревар е најдобриот стрелец Килијан  Мбапе, кој работи под посебна програма. 
 
Воедно Манчестер Сити сезонава нема пораз во Лигата на шампионите, а покрај на 11-те натпревари оствари дури десет победи. Во тимот се врати и Аргентинецот, Кун Агуеро кој на првенствениот меч во саботата против Кристал Палас беше стрелец и асистент во победата од2:0 
 
Оттаму шансите „букмејкерите“ на Манчестер Сити му даваат поголеми шанси за влез во финалето во Истанбул. 
 
Сепак, останува да се види конечниот епилог по мечот што ќе се игра вечерва со почеток од 21 часот, термин во кој утревечер во Лондон својот реванш полуфинален меч ќе го одиграат Челзи и Реал дуел што ќе започне со резултат 1-1 остварен на првата средба во Мадрид.