Балкан
30. January 2017 - 18:53

Вечерва блокирана границата на Македонија со Грција

Грчкиот граничен премин Евзони е блокиран од земјоделски машини и во прекин е сообраќајот и за влез и за излез. 

Блокадата трае од 16:30 часот и се пропуштаат само пешаци, сеуште нема информација од грчката полиција до кога ќе трае.

На граничните премини Меџитлија и Дојран нема застој.