Македонија
28. November 2016 - 16:44

ВЕЧЕР: Струмица гас продава гас на физички и правни лица иако нема заведено лиценца

Струмица гас продава гас на физички и правни лица иако во централниот регистар нема заведено лиценца за оваа дејност пишува Вечер откако направиле увид на документацијата на компанијата во Регулаторната комисија за енергетика.

Освен ова струмичката компанија има отворена сметка и неконторирално црпи средства од буџетот на општината. Средното општинско училиште во Струмица, “Никола Карев“ заедно со директорот на Струмица Гас, Зоран Китанов потпишале договор каде што не е наведена сумата која што училиштето треба да и ја плати на компанијата за 1 метар кубен гас.

Според Вечер, Струмица Гас има потпишано такви договори со речиси сите средни и основни училишта во Струмица. Од финансиските извештаи можело да се забележи дека иако компанијата е постојано субвенционирана од државата и има 11 вработени сепак секоја година работи со загуби затоа што најголем дел од приходите им ги дава фирмата на Си-Ен-Џи од која купува гас.

Ова се парите кои партиската фирма на СДСМ- Си-ен-џи системс ги добила од јавното претпријатие Струмица Гас. Од она што може да се забележи во рок од 4 години од 2013-та до 2016-та година копманијата претрпела загба од 1 милион и 300 илјади евра.

Си-Ен-Џи е во сопственост на Митко Андреевски кој е претседател на комисијата за енергетика на СДСМ. Струмица Гас најголеми загуби прави затоа што набавува гас од оваа компанија и тоа по неколку пати од пазарната. Колку за споредба јавното претпријатие ЕЛЕМ го набавува гасот за 13 денари додека Струмица Гас за 28 денариза кубен метар. Според тоа во овој случај струјата излегува дека е поефтина со 4,8 денари за домаќинство додека за малите фирми е 5,75 денари за киловат час.

Ваквата математика вели дека струмичани плаќаат поскап гас, кој е дури поскап и од струјата , додека парите завршуваат во Си-Ен-Џи системс.