-->
-->
Вечер на серенада во Делчево
-->
Продолжуваат културните збиднувања во Делчево во рамки на таканаречената „Вечер на серенада”. Како што информираше директорот Методи Толевски, на настанот кој се одржува вечерва ќе настапат староградски групи од Делчево, Виница, Берово и од градот Гоце Делчев, Република Бугарија.
– Ова е втор дел од таканаречената „Вечер на серенади“ на која покрај домашната пејачка група „Ѓурѓа“ и оркестар „Делчевски еснафи“, вечерва ни гостуваат и групата „Беровски тамбураши“ од Берово, група „Мелем“ од Виница и група „Неврокоп“ од Гоце Делчев, Бугарија. Се надеваме дека публиката ќе присуствува во голем број и ќе се потсети на староградските песни и серенадите, кои во минатото беа доста популарни во овој крај, истакна Толевски.
Претходно, како што додаде, по повод Денот на ослободувањето на Делчево со настап на Градскиот хор од Штип се реализираше првиот дел од овој настан.
Вечерта на серенади, Националната установа Центар за култура – Никола Јонков Вапцаров од Делчево, ја реализира под покровителство на Министерството за култура, а во соработка со општина Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците