Македонија
16. August 2015 - 8:39

Важна вест за возчите

НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани), поради изведување градежни работи на пат (минирање) на 17.08.2015 (понеделник) сообраќајот ќе биде во прекин од 14.00ч до 16.00ч.

           

 СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

 

            ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

Според информација од Министерството за транспорт и врски:

(1)        од 01.07.2015 година започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Измената во временските интервали е следната: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07.  до 31.08. секоја тековна година.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

 

 

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

(2)        од 01.07.2015 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на  магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. 

Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка, со што би се создале услови за неоптовареност на сообраќајните токови на горенаведената патна делница. 

 

           Забраната важи за време на викендите и тоа петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година.

Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

 

РАБОТИ НА ПАТ:

 

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штипод 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204. 

 

-       Поради изведување работи на мостовите иасфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово)сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 

-       Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

 

           ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ:  На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.