Loading Video...
Фудбал
5. December 2021 - 16:55

Важна победа на Фиорентина во трка за висок пласман

Екипата на Фиорентина забележа важна победа на гостувањето кај Болоња, по која се искачи на петото место на табелата во Серија А. 
 
Фиорентина славеше со 3-2 во меч во кој гостите поведоа со голот на Мароканецот, Јусеф Малех во 32-минута, а во финишот на првиот дел Бароу го израмни резултатот на 1-1. 
 
По само шест минути игра во вториот дел Бираџи одновo погоди за Фиорентина, која во 67-минута веќе имаше и два гола предност откако Влаховиќ резлизираше пенал. 
 
До крајот на мечот домаќините преку Арон Хики во 82-минута, само успеаа да го ублажат порфазот. 
 
Со новите бодови и vкупно 27 Фиорентина се проби на петото место на табелата пред Рома која има 25 и Јувентус кој има 24, но „старата дама“ вечерја ја пречекува Болоња со Пандев во последниот натпревар од ова коло.