Loading Video...
Спорт плус
27. July 2019 - 17:09

Ватерполистите на Италија се нови светски шампиони

Ватерполистите на Италија се нови светски шампион. Во финалето на Мундијалот, Италијанците убедливо со 10-5 ја победија Шпанија, па по пауза од осум години стигнаа до ново злато вкупно четврто од Светските првенства (1978, 1994 и 2011 година). 
 
Шпанците и по осумнаесет години сеуште чекаат на злато од Мундијалите. 
 
До бронзениот медал стигнаа екс шампионите, Хрватите кои во дуелот за  третото место ја порази Унгарија со 10:7. На петтото место, пак, заврши Србија по триумфот над Австралија со 13:9 додека Грција во натпревар за седмата позиција беше подобра од Германија со 11:6.
 
Финалистите Италија и Шпанија, обезбедија пласман на Олимпијадата во Токио во 2020 година на кој сигурни учесници засега уште се и домаќинот Јапонија, Австралија како шампион на Океанија и Србија која ја освои Светската лига.