Македонија
19. September 2016 - 16:12

Васко Ефтов: Албанците нема да гласаат за СДСМ

Според Ефтов, СДСМ сега се фокусира на албанските гласови и нивната стратегија е тоа да биде партија за која најмногу ќе гласаат Албанците, но тоа засега е невозможно бидејќи во Македонија сѐ уште се гласа етнички
Срамота би било и овој пат да нема избори. Секоја политичка криза може да се реши на два начина, преку улица и вториот е на избори. Секоја нормална држава ги решава своите конфликти и проблеми на избори, вели новинарот Васко Ефтов.

Тој во интервју за Телеграф.мк објаснува дека расположението кај граѓаните денес се гледа на социјалните мрежи и низ улиците и дека тоа се рефлектира и на изборите.