Македонија
13. February 2021 - 14:22

Васев: Една недела скандал „кражба“, една недела молк од Мицкоски, кој го штити Милошоски

Изминува речиси една недела откако во јавноста проби скандалот „кражба“ каде со документи е потврдено дека Антонијо Милошоски бил осуден од суд во Германија.

Една недела скандал „кражба“ една недела молк од Христијан Мицкоски, шефот на Милошоски.

Милошоски нема образ да излезе пред граѓаните, а Мицкоски го штити, наместо да повика на морална одговорност.

Тоа е Мицкоски, поддржува пратеник кој бил осуден за кривични дела во Германија, за “кражба” и “фалсификување.

Поддржува ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски човек против кого се водат предмети пред македонските судови.

Нема ниту “д” од доблест кај Мицкоски.

Павда и правичност за Мицкоски се непознати.

Од белиот дворец, од симболот на корупцијата и расипништвото, Мицкоски е се уште цврсто застанат на браникот на криминалот.

Неговата агедна е да ги одбрани криминалците во своите редови по секоја цена.

Затоа, Мицкоски шест пати е поразуван од граѓаните, затоа никој нема доверба во него.

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ