Македонија
21. September 2021 - 16:51

Вархеји денеска во Софија, Фон дер Лајен идната недела во Скопје

На две недели пред Самиотот ЕУ-Западен Балкан унијата го засилува пристисокот врз Бугарија. Европската иднина на земјите од регионот е во фокусот на средбите кои еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ги одржува со бугарскиот државен врв.

-Разговарав до министерот за надворешни работи на Бугарија Стоев, за проширувањето на ЕУ и како тоа да се забрза во интерес и на Унијата и на Западен Балкан, напиша кусо Вархеји на Твитер.

Министерот Османи пак вели дека овие посети се очекувани и дека ќе се интензивираат во следните две недели. На 28 септември во Македонија пристигнува и шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен. Османи потенцира дека двете земји постојано комуницираат и интензивно работата на избаоѓање решение и покрај тоа што Бугарија се уште нема политичка Влада.

Европската унија да ја остави отворена вратата за земјите од Западен Балкан порача денеска од Њујорк и шефот на државата.

Пендаровски констатираше дека одржувањето на перспективата за членство во Европската Унија е клучниот двигател за реформите, не само во нашата држава, туку и во земјите од Западен Балкан, додека самото членство – клучно за обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот, информираат од неговиот кабинет

Самитот ЕУ-Западен Балкан кој Словенија како актуелен претседавач со Унијата ќе го организира на 6 октомври е нова шанса за придвижување на европаката интегарција на земјава. Сепак пречка на овој пат се повторените избори на 14 ноември на кои Бугарија по трет пат ќе бира парламентарен состав.