Loading Video...
Ракомет
28. March 2019 - 15:01

Вардарци внимателни пред реваншот со ППД Загреб

Ракометарите на Вардар в сабота ќе го одиграат реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против ППД Загреб 
 
Вардар е на чекор до шестиот пласман во четврт-финалето од кој го делат уште 60 минути да го потврди тој успех. 
 
Деветте голови разлика од првиот меч во Загреб се голема предност за црвено-црните, кои сепак најавуваат дека тоа нема да ги залаже и дека во реванш дуелот со хрватскиот првак ќе одиграат максимално ангажирано  
 
 „Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар", изјави Роберто Парондо, тренерот на Вардар.
 
Првиот меч Вардар го доби убедливо со 27-18. 
 
„Имаме одличен резултат од Загреб и реално е да мислиме дека ја имаме завршено работата. Загреб е квалитетна екипа, но сигурно нема да дојдат тука предадени и ќе се борат да го обелат образот по лошото издание. Важно е за нас да одиграме како што знаеме уште еден добар натпревар“, смета Стојанче Стоилов, капитенот на екипата.
 
Во таборот на македонскиот првак посакуваат полни трибини во СЦ„јане Сандански“ ќе де в сабота од 19 часот и 30 минути ќе се игра дуелот против ППД Загреб.