Loading Video...
Ракомет
28. September 2020 - 14:50

Вардарци нема да играат ниту против ПИК Сегед !?

Сеуште актуелниот европски ракометен првак Вардар најверојатно ќе почека уште малку за да одигра нов натпревар во Лигата на шампионите. 
 
Имено неизвесно е одигрувањето на претстојниот меч во кој вардарци треба да му гостуваат на ПИК Сегед. 
 
Како што информираа од унгарскиот тим, во нивните редови има нов ракометар позитивен на Ковид-19. Како што стои во соопштението од клубот тоа е веќе седми играч позитивен на Корона вирусот. 
 
По дуелот со Килце, минатиот четврток, биле извршени редовни тестирања и еден ракометар се покажал позитивен, по што целата екипа повторно е во карантин. 
 
Тоа е и причината поради која раководството на клубот реши да ја прекине продажбата на влезниците за натпреварот со Вардар кој на според распоредот треба да се игра во четвртот (од 18 часот и 45 минути). 
 
Од тимот на ПИК Сегед информираат дека се во комуникација со вардарци како и  ЕХФ, но многу извесно е дека натпреварот ќе биде одложен 
 
Ова е второ одложување на натпревар сезонава за европскиот првак Вардар, кој минатата седмица не го одигра натпреварот против Елверум  откако Норвежаните побараа од ЕХФ да не допатуваат во Скопје, поради ситуацијата со Корона пандемијата во нашата земја.