Ракомет
20. September 2015 - 10:17

Вардар со гостувањето кај Монпеље ја отвара сезоната во Лигата на шампиони

Македонскиот првак Вардар со денешниот натпревар на гости кај Монпеље ја почнува новата сезона во ракометната Лигата на шампионите.

И годинава, амбициите на црвено-црните се пласман на завршниот “Фајлан-фор’’ турнир. За гостувањето во Франција тренерот Раул Гонзалез од тимот ги изостави македонските репрезентативци голманот Петар Ангелов и Филип Лазаров.

 
Двата тима и лани беа во истата група од Лигата на шампионите и дуелот во Франација заврши без победник 34:34. Почетокот на натпреварот е во 17 часот.
 
Вчера вториот македонски тим Металург со пораз (30:24) на гостувањето кај Мотор во Украина ја почна новата сезона од Лигата на шампионите.
 
Распоред на натпреварите од 1.коло:
 
А група: ППД Загреб – Кил 29:22, Висла – Веспрем 27:27, Флензбург – ПСЖ 39:32 и Бешикташ – Цеље 24:30.
 
Б група: Кристијанштад – Колдинг 33:26, Монпеље – Вардар, ПИК Сегед – Киелце, Рајн Некар Ловен – Барселона (недела).
 
Ц група: Чеховски Медведи – Ла Риоха 27:26, Мешков Брест – Војводина 34:22, Порто – Татран Прешов 33:23.
 
Д група: Кадетен Шафхаузен – Елверум 30:31, Мотор – Металург 30:24, Скјерн – Баја Маре (недела).