Loading Video...
Ракомет
3. November 2019 - 18:40

Вардар распали по Мешков Брест за четврта победа во ЛШ

Ракометарите на Вардар ја прекинаа низата порази во елитната Лигата на шампионите и ја оствари четвртата победа. Македонскиот и европски првак Вардар славеше победа над Мешков Брест со 36-31 во меч од 6.коло на Б групата.
 
Во првиот дел вардарци постојано го контролираа резултатот, а најголемата предност ја имаа во 24.минута кога водеа со четири гола разлика 17-13, но на одмор црвено-црните заминаа со само два гол предност (19-17).
 
На почетокот на второто полувреме Вардар направи серија од 3-0 за предност од пет гола  (22-17). Оваа предност европскиот првак знаеше како да ја сочува па на крајот оствари триумф со конечни 36-31 . 
 
Најефикасен во редовите на Вардар беше Кристопанс со 9 додека Чипиќ и Скубе постигнаа 7 односно 6 гола. Мора да се истакне и одличниот настап на младиот македонски голман Марко Кизиќ кој во вториот период доби шанса од клупата која ја искористи со четири прекрасни одбрани.
 
Со новите освоени бодови и вкупно 8, Вардар се проби на 2.место на табелата зад Кил кој по денешниот триумф над Мотор Запорожје (30-27) е лидер со 11 бодови
 
Во следното 7.коло Вардар повторни ќе игра во Скопје и тоа против Килце, кој како и француски Монпелје се веднаш зад вардарци со по 7 освоено бодови досега.