Loading Video...
Ракомет
13. May 2021 - 19:04

Вардар прв финалист во Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар се првите кои обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија. 
 
На завршниот турнир што се одржува во салата Автокоманда во Скопје, вардарци во првиот полуфинален меч беа подобри од Металург со 27-22. 
 
Кој ќе биде противник на Вардар во финалето ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Бутел и Еурофарм Пелистер. 
 
Утре на програмата се полуфиналните дуели во женска конкуренција, во кои ќе се сретнат, Куманово – Металург и Вардар – Чаир. 
 
Женското финале ќе се игра во сабота од 14:30 часот, а во терминот од 17:30 ќе започне машкото финале.