Loading Video...
Ракомет
4. March 2021 - 23:58

Вардар против Веспрем во 1/8 финалето во ЛШ

Со четирите натпревари што се одиграа вечерва, заврши групната фаза во ракометната Лига на шампиони, по што се познати и двојките за првата елиминациска рунда.
 
Иако со големи проблеми, одлоќувања и откажувања на натпревари, а сетоа тоа предизвикано од пандемијата на Корона вирусот, ЕХФ со бројни соломонски решениија успеја да ја заокруќи групната фаза во елитното натпреварување. 
 
Единствениот макеоднски претставник сезонава Вардар не се прослави, па групната фаза ја заврши со убедлив пораз од белорускиот првак Мешков Брест и тоа во Скопје со 32-36. 
 
По мечот тренерот Алушовски повторно ги бараше причлините за лошата игра, додека капитенот Стоилов отворено и критично кон дел од соиграчите. 
 
„Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. Алонсо кажа колку Вардар е специјален клуб и како знае да направи камбек. И колку е голем клуб. Но некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што го носат овој дрес. Тоа е најголемиот наш проблем“, изјави по мечот Стоилов.
 
Вардарци ја заврши групната фаза на претпоследната седма позиција во А групата, во во првата рунда од нокаут фазата ги очекува голем предизвик во унгарскиот гигант Веспрем. 
 
Првиот меч од осминафиналето Вардар и Веспрем ќе го одиграат во скопје на 31 март или 1 април, а реваншот во унгарија е седум дена подоцна. 
 
Доколку црвено-црните успеат да го мина Веспрем тогаш во четврт-финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу полскиот Келце и Нант за кој настапува Кирил Лазаров.
 
Комплетни двојки за 1/8 финалето: ВЕСПРЕМ – ВАРДАР, КЕЛЦЕ – НАНТ, ФЛЕНСБУРГ – ЗАГРЕБ, ПСЖ – ЦЕЛЈЕ, МЕШКОВ БРЕСТ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ, АЛБОРГ – ПОРТО, КИЛ – ПИК СЕГЕД и БАРСЕЛОНА – ЕЛВЕРУМ
 
Двојки за 1/4-финале:
Мотор Запорожје / Мешков Брест – Елверум / Барселона
Порто / Алборг – Загреб / Фленсбург
Нант/Келце – Вардар / Веспрем
ПИК Сегед / Кил – Целје / ПСЖ