Ракомет
17. March 2016 - 0:48

Вардар „прокоцка“ победа на гостувањето кај Висла

 Ракометарите на Вардар пропуштија голема можност да забележат победа на гфострувањето во Плок кај Висла во првиот дуел од 1/8-финалето во Лигата на шампионите.
 
„Црвено-црните“ испуштија победа во финишот на мечот, откако во 56.минута  имаа и предност од четири гола (29:25).
 
Во последната минута Висла намали на 30:29, а Дејан Манасков на 45 секунди до крајот не реализраше удар од седум метри. Адам Висниевски во последните секунди ги постави конечните 30:30.
 
Игор Карачиќ и Лука Циндриќ со по 6 голови беа најефикасни кај Вардар, додека кај Висла Тиаго Роча постигна 7 голови.
 
Реваншот во Скопје се игра на 26.март.
Останатите натпревари од 1/8-финалето ќе се играат викендов, а двојките се: 
 сабота 
Мешков Брест - Киелце
Моторот Запорожје - Веспрем
Монпелје – Фленсбург 
Загреб - Рајн Некар Ловен.
недела 
ПИК Сегед – Кил