Loading Video...
Ракомет
27. February 2020 - 14:37

Вардар ја препушта фаворитската улога на Монпеље

Ракометарите на Вардар в сабота го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, а во Скопје го пречекуваат францускиот Монпеље. 
 
Иако двата тима веќе го имаат осигурено своето учество во првата фаза од разигрувањето, сепак императив пред се за црвено-црните е победа, како би де надевале на полесен противник во осминафиналето. 
 
На денешната средба во новинарите, тренерот Алушовски и капитенот Стоилов, ја препуштија фаворитската улога на Монпеље. 
 
„Ситуацијата е таква каква што е. Играме дома против Монпелје, кој е апсолутен фаворит на овој натпревар. Наше е дадеме сè од себе на терен и да се обидеме да извлечеме колку е можно подобар резултат и да ги изненадиме" изјави капитенот на вардарци Стојанче Стоилов.
 
За Вардар условно да си ја олесни работата во осминафиналето ќе мора да го победи Монпеље, а притоа да се надева на пораз на Порто на гостувањето кај веќе отпишаниот Мешков Брест. 
 
Само во таква комбинација, црвено-црните групната фаза би ја завршиле на петата позиција, а со тоа за противник во осминафиналето би добиле и релативно полесен противник односно Фленсбург или Алборг.
 
Со спротивно, ако вардарци завршат на 6.место тогаш во осминафиналето ќе играат против трето пласираниот тим од групата „А“, односно ПСЖ или ПИК Сегед 
 
Натпреварот Вардар – Монпеље ќе се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот. 
 
Потсетување дека овој меч е дуел на екипите кои во последните три години ја освојуваа Лигата на шампионите (Вардар 2017 и 2019, Монпеље 2018)