Loading Video...
Ракомет
27. August 2018 - 17:02

Вардар и Металург на стартот од СЕХА лигата

Македонските ракометни гиганти Вардар и Металург ќе играат на стартот од СЕХА лигата во спортската сала Јане Сандански во среда од 20.45ч.
Мечот требаше да се игра на теренот на металурзите во Автокоманда но по договор на двете екипи домаќин ќе биде Вардар.
Првиот стратег на црвено-црните  потсети на победата во суперкупот против големиот ривал но најави сосема поинаков меч во среда: Имаме проблеми со неколку ракометари. Играме повторно со тим кој е наш стар ривал. Не сме во најдобар момент, бидејќи не сме комплетни, но нашата стратегија е на секој натпревар да играме на победа.Одигравме добра средба со Металург во Струга во Суперкупот. Сега ситуацијата е поинаква и ова е сосема друг натпревар. Го почитуваме противникот и го респектираме.“ - рече Парондо.