Бизнис
9. May 2017 - 19:40

Ван Хул ќе го удвои производството на автобуси, најави нови вработувања и повеќе работа за добавувачите

Белгиски Ван Хол речиси двојно ќе го зголеми  производството во земјава. Во септември почнува со работа и втората производсвена линија, со што капацитетот ќе достигне 1000 автобуси годишно. Од сегашните 870 работници , до крајот на годнава  бројката  ќе порасне на 1000. 10 отсто од вкупниот обрт на фабриката е со македонски фирми.

Засега 200 македонски компании испорачуваат услуги и производи за потребите на Ван Хол. Според менаџментот на компанијата соработката со домашните бизнисмени сеуште е мала.  Многу домашни фирми  немаат капацитет да ги задоволат барањата. Најчесто таа се сведува на вршење одредени услуги. За да се унапреди соработката раководството на Ван Хол во Бунарџик  организираше  средба со домашните стопанственици.

За да се произведе еден автобус  потребни се до три дена. Од комопанијата велат дека  политичката криза не влијае на нивната работа, намалување на нарачките нема.

Годишно Ван Хол произведува до 560  автубуси, најголем дел од нив се извезуваат во САД.